За новиот изглед заслужен е нејзиниот долгогодишен стилист за коса Крис Аплетон кој сподели слика на иконата со прекрасен нов изглед: кратка, виткана боб фризура, во повеќедимензионална медова нијанса на која таа е верна изминатите неколку години. Ова е прилично драстична промена за Џеј Ло, која ја носеше косата долга до колковите во текот на изминатите неколку месеци, без разлика дали е рамна, кадрава, собрана во реп или пунџа.
View this post on Instagram
Во меѓувреме, на сопствениот Инстаграм профил, Џенифер сподели серија инспиративни бикини слики (како и нејзината соработка со Малума со две песни). За време на викендот, таа објави фотографија на која стои во морето, облечена во бикини со принтови на палма и разни ѓердани.
View this post on Instagram
Џеј Ло сподели и фотографија на која се релаксира на крајно примамлива плажа и не треба ни да потенцираме дека изгледа целосно беспрекорно! Под фотографијата стои „Држејќи се за последните неколку моменти од летото“.
View this post on Instagram
Имајќи предвид дека Џени е постојано предвесник на модните трендови, и вистинска модна инспирација, не се сомневаме дека вака стилизираната коса ќе биде вистински хит во претстојните есенски денови.