29-годишната манекенка и актерка Емили Ратајковски објави дека е бремена со своето прво дете. Tаа и сопругот Себастијан Беар-Меклард (39) се во брак две години и наскоро за прв пат ќе се реализираат во улога на родители. Веста ја соопштија со посебно видео на нејзиниот Инстаграм профил, во режија на нејзината пријателка Лина Данам, кое покажува како поминале првите месеци од бременоста.
View this post on Instagram
Дигиталната насловна страница на списанието Vogue ексклузивно ја сподели среќната вест преку фотосесија во која идната мајка го покажа трудничкото стомаче во шестиот месец од бременоста, облечена во долг сатенски фустан.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Славната убавица не го откри полот на детето, а исто така истакна дека нема намера да го стори тоа.
„Сите прашуваат дали знаеме кој пол сакаме да биде нашето бебе. Сакаме да одговориме дека нема да го знаеме полот додека нашето дете не наполни 18 години кога ќе не извести само”, вели манекенката.
Емили изгледа одлично! Честитки!