Фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо во последно време се почесто ги изненадува своите обожаватели со стилски промени во својот изглед.
За потсетување, летните натпревари фудбалерот на Јувентус ги играше со подолга коса од она на што сме навикнати да го гледаме.
View this post on Instagram
За неговиот изглед се грижеше неговата избраничка Џорџина Родригез, која се забавуваше правејќи плетенки на косата на Португалецот.
Роналдо нема голема доверба во професионалните стилисти, па освен стилизирање, таа е задолжена и за негово потсрижување.
View this post on Instagram
Последното изненадување следи откако му беше констатирано присуство на корона вирусот во неговото тело, но тоа не го попречи да биде активен на социјалните мрежи. Со новата фризура се пофали на „Твитер“ во видео како вежба и пее, но сите обожаватели ја забележаа неговата нова фризура. Карантинот го искористи да ја скрати косата и испрати порака: „Успехот во животот не се мери според постигнатото, туку според препреките што ги надминуваш“.
View this post on Instagram
Чекаме да видиме со што следно ќе изненади најдобриот фудбалер на светот.