„Емили во Париз“ покажува како се шминка во туторијал за „Вог“

Сабота, 24 Октомври 2020 11:00

Шармантната 31 – годишна актерка и модел Лили Колинс сними мејкап туторијал во соработка со модната библија „Вог“ во кој покажува како се шминка француска девојка, инспирирана од нејзината актуелна улога во мегапопуларната нова серија на Нетфликс „Емили во Париз“. Актерката со префинето стилско сетило, воодушеви во видеото не криејќи ги од камерата видливите пигментации на кожата.

Лили Колинс

Прекрасната Лили, инаку ќерка на ѕвездата од 80 – те Фил Колинс, изгледа одлично во серијалот на „Вог“ за шминкање. Таа минатата година помина четири месеци во Париз на снимањето на серијата, кои и овозможија одблизу да се запознае со тајните за убавина на прекрасните Французинки.

Лили Колинс

Лили вели дека Француските девојки не претеруваат со шминка бидејќи не сакаат да се маскираат и најмногу труд вложуваат во негата на самата кожа, а нанесувањето на шминката го сведуваат на минимум, со која добиваат свеж и природен изглед. Главното правило се вика намерна негрижа – да се потрудиш да изгледа како да не сте направиле никаков напор. Поголемиот број парижанки воопшто не користат пудра и од дома излегуваат само со црвен кармин кој е неизоставен, како своевиден заштитен знак на француската убавина, иако некогаш тие биле познати по гламурозниот cat eye.

Лили Колинс

Погледнете кои омилени производи ги користи Лили за да ги покрие несовршеностите на лицето и да постигне свеж изглед.

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Четврток - 22:22 - Му се допаѓа твојот изглед