Не ви е потребна рерна за да направите лесен и омилен десерт за оние кои немаат големо искуство во кујна.
Состојки (1 порција):
- 1 голема лажица путер
- 3 лажички мелени бисквити (или издробени)
- 115гр. омекнато крем сирење
- 2 големи лажици шеќер
- 3 капки екстракт од ванила
- Шумско овошје за декорација
Подготовка:
Се топи путерот во мал сад што може да се употребува во микробранова печка. Навалете го садчето за да ги премачкате и страните.
Издробете ги бисквитите на ситни трошки, а потоа додадете ги во путерот и добро измешајте. Со лажица, рамномерно притиснете ја кората врз дното на садот.
Во мал сад, комбинирајте го омекнатото крем сирење, шеќерот и ванила екстрактот, мешајќи додека не се добие хомогена смеса без грутки.
Истурете го филот врз кората од бисквити.
Ставете го садот во микробранова печка најмалку 4 минути, во интервали од 45 секунди, на половина од јачината. Осигурете се дека чизкејкот не претечува преку страните на садчето.
Изладете го на собна температура или во фрижидер најмалку 30 минути, додека не се излади целосно на допир.
Со нож, олабавете ги рабовите на чизкејкот, а потоа превртете го на чинија.
Одозгора ставете неколку малини, јагоди или овошје по ваш избор за декорација.
Уживајте!