Актерската двојка Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс често се шегуваат на своја сметка преку социјалните мрежи, што ги прави омилен холивудски пар на многумина. Овој пат 33-годишната актерка на Инстаграм откри како го прославила 44-от роденден на сопругот. Блејк годинава реши да се пошегува со роденденските декорации. Па така, наместо балони, Рајан за роденден доби украсни овошки и зеленчуци, закитени со панделка.
Но, креативноста не запре тука. Главното обележје на секој роденден е секако роденденската торта. Блејк вистински се потруди Рајан да добие торта каква што не видел до сега. Затоа доби пита со свеќички за дување!
Тие уште еднаш покажаа дека навистина знаат да се забавуваат и дека не им се потребни луксузни подароци и гламурозни роденденски забави за да бидат среќни.
View this post on Instagram