Британската пејачка Адел беше водителка на познатото американско шоу „Saturday Night Live“ на кое се врати по цели 12 години отсуство. Таа веднаш се осврна на својата извонредна истрајност за намалените 50 килограми, што ги радува нејзините обожаватели веќе неколку месеци. Славната пејачка на самиот почеток на шоуто проговори за големата промена во нејзиниот физички изглед.
„Знам дека изгледам поразлично во споредба со последниот пат кога се видовме, но поради рестрикциите со Ковид и ограничувањата за патување, морав да патувам со лесен багаж и донесов само половина од себе, па ова е половина која ја избрав“, се пошегува Адел.
Талентираната музичарка родена во Лондон нема објавено нова музика од 2015 година, но рече дека работи на нов албум токму овој период. Адел последен пат гостувала во шоуто 2008 година, во време кога штотуку го издала својот прв албум „19“, во сосема различно издание од она како изгледа сега.
Погледнете го нејзиниот монолог пред почетокот на шоуто, како и разните улоги во текот на вечерта кои ја расположија публиката.