Џиџи Хадид и нејзиното момче Зејн Малик се повеќе се во центар на интересите на јавноста. Тоа е така, поради бременоста на Џиџи. Како “родители во најава”, тие веќе се припремаат за пречекот на нивното бебе. Во овие моменти и двајцата се интересираат и едуцираат околу родителството. Секако, Џиџи има голема поддршка од нејзината мајка Јоланда Хадид, како и нејзината сестра Бела Хадид.
Претходно Џиџи не ja експонираше бременоста на социјалните мрежи, но после тоа одлучи да ја изненади јавноста. Ја покажа својата убава форма и во блажена состојба.
Според странските медиуми дознавме дека во септември Џиџи и Зејн ќе се остварат како родители кои очекуваат девојче. Желба на Џиџи е да се породи во Њујорк.
Овој прекрасен пар никако не може да ја сокрие возбудата и емоцијата што ја чувствуваат, па така споделувајќи фотографии ја пренесуваат таа длабока љубовна вибрација на сите нас.
После 4 години забавување во декември одлучија дека е вистинско време да се реализираат како родители, па за кратко време тој момент ќе стане реалност.
Сигурно се прашувате зошто толку убава вест Џиџи не сакала да ја обелодени на социјалните мрежи. Младата 25-годишна манекенка ја криела и чувала радоста далеку од јавноста, бидејќи сметала дека тоа не е најважната вест во најтешкиот период за човештвото кога многу луѓе ги изгубија своите животи во борба против Корона вирусот.
„Ја ценам сета љубов и убавите желби“ – им се обрати таа на обожавателите.
Нејзиниот стан е веќе спремен за нивното вселување, после долго време одмарајќи во Пенсилванија.