Како да се ослободите од непријатната надуеност на стомакот

Петок, 23 Октомври 2020 14:35

Надуеноста е чест симптом со многу причини, но има исто толку начини да се ослободите од неа. Затоа, следниот пат ќе се почувствувате надуени испробајте некое од овие лекови и ослободете се од истата.

Изберете храна богата со калиум

Калиум

Овој минерал работи заедно со натриумот за да помогне во регулирање на рамнотежата на течностите во вашето тело, намалуваќи ја подуеноста. Храна која е богата со калиум се бананите, портокалите, доматите, лубеницата и аспарагусот. Аспарагусот исто така содржи аминокиселина наречена аспарагин кој делува како диуретик за исфрлање на вишокот течност од вашиот систем.

Затворете ја устата – буквално!

Гума за џвакање

Пазете се од навиките што предизвикуваат голтање на вишок воздух, како гума за џвакање, бидејќи тоа може да предизвика надуеност. Ако редовно џвакате гуми за џвакање, следниот пад земете бомбонче со вкус на ментол.

Намалете го внесот на јаглехидрати

Јаглехидрати

Не мора да се откажете од јаглехидратите во целост, но обидете се да го намалете нивниот внес навечер. Скробните производи како леб и тестенини може да предизвикаат задржување на водата, па затоа е најдобро да ги избегнувате пред спиење за да не се разбудите со чувство на надуеност.

Намалете го внесот на газирани пијалоци

Газирани пијалоци

Меурчињата во газираните пијалоци можат да направат вашиот стомак да се прошири. Подобро држете се до обична вода.

Подгответе се за ПМС

ПМС

Ако имате тенденција да отекувате пред или за време на менструацијата, бидете сигурни дека внесувате доволно калциум (1.000 mg на ден) и магнезиум (320 mg на ден) во вашата исхрана. Откриено е дека и двете хранливи состојки помагаат во ублажување на симптомите на ПМС, вклучително и надуеноста.

Ограничете го внесот на супститути за шеќер

Шеќер

Општо, вештачките засладувачи - особено шеќерните алкохоли - имаат тенденција да предизвикуваат гас и надуеност бидејќи не ги вариме; бактериите во дебелото црево го прават тоа. Ако се сомневате дека имате потешкотии во варењето на вештачките засладувачи, наместо тоа, одберете малку вистински шеќер во помала доза.