Ќерката на познатиот пејач Лајонел Ричи, дизајнерка и модел Софија Ричи, го прослави својот 22. роденден заедно со пријателките на Кајли Џенер.
На својот Инстаграм профил таа објави слика која имаше наслов “22 изгледаат добро” на која позира со нејзините гала пријателки пред да влезат во приватниот авион.
Според сликите и видеата кои ги сподели Софија со нејзините следачи, можеме да заклучиме дека таа и нејзините пријателки одлично се забавуваат. Покрај пријателките Анастасиа Караниколау, Амбер Асали, Франческа Аиело која е основач на Frankie's Bikini и други, на авионската забава се приклучија и нејзиниот брат Miles Richie и Diane Alexander, нејзината мајка.
Групата која го славеше роденденот на Софија носеше бели маици и кратки панталони во нејзина чест, на кои со сини букви пишуваше “Sofia Turns 22”. Ова прекрасно изненадување го има направено нејзината пријателка Анастасиа Караниколау позната како Стејси. На ова роденденско патување не присуствуваше нејзиното поранешно момче Скот Дисик, кој е на одмор со саканата Кортни Кардашијан, нивните деца и пријатели на езерото Ајдахо.
Славеничката со пријателките одлетаа за Cabo San Lucas, Mexico каде продолжија со pool party носејќи од познатите Frankies Bikinis, со луксузен Cartier накит.
Уживајќи на приватна јахта со пријателките, воопшто не делуваше како да тагува по скорешната разделба од тригодишната врска со Scott Disick, со кого се разделија поради големата разлика во години која почнала да станува проблем што Скот е постар цели 15 години од Софија.
Танцуваа лудо забавувајќи се и пеејќи ја “WAP”, последниот хит сингл на Cardi B и Megan Thee Stallion. Stassie Karanikolaou, позната по нејзиното пријателство со Kylie Jenner, ја подучуваше групата “twerking tutorials”.
View this post on Instagram