Најновите гласини во Холивуд велат дека 14 годишната ќерка на Анџелина Xоли и Бред Пит наскоро ќе стане момче по име Џон. Веќе одамна е позната по “tomboy” стилот и родовата неутралност, а кружат гласини дека е трансродна уште од нејзината втора година. Бред и Анџелина на почетокот мислеа дека е само минлива фаза, меѓутоа како Шајло расте се чини ситуацијата станува посериозна.
Се чини дека списокот на трансродовите деца од познати родители наскоро ќе стане побогат - пристигнува девојка со добро познато презиме. Шајло Џоли-Пит, која неодамна наполни 14 години, е решена да стане момче. За тоа, таа веќе зема хормони, а кога ќе порасне, планира операција за промена на полот.
Се наведува дека Шајло Џоли-Пит започнала со хормонска терапија пред девет месеци, па веќе се забележани некои промени. Родителите на девојчето, актерите Анџелина Џоли и Бред Пит, ја поддржуваат оваа одлука. Тие едноставно велат дека Шајло Џоли-Пит инсистира на тоа уште од својата тригодишна возраст. Пит во претходно интервју во гостувањето кај Опра има изјавено: „Шајло бара да го смени името и да стане машко. Понекогаш ја прашувам: „Шајло, дали сакаш сок од портокал?“ И како одговор слушам: „Џон. Јас сум Џон".
Од друга страна, не е изненадена ниту Анџелина Џоли. Актерката зборува за својата ќерка: „Од рана возраст сака костуми, носи вратоврски, јакни и панталони. Едноставно сака да се облекува како момче. Дури и морав да и ја скратам косата. Таа навистина сака машки работи. Јас и Бред не планираме да ја упатуваме како треба да се однесува - или како треба да се чувствува. Нека си го најде своето место“.
Анџелина и нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит имаат шест деца, од кои најмладите се 12-годишните близнаци Нокс и Вивиен. Најстариот, синот Медокс (19), во моментов студира во Сеул. Многумина се уште не можат да ја преболат разделбата на една од најславните Холивудски двојки.