Пристигна новата колекција на костими за капење од Sports Illustrated.
Светски познатиот модел Josephine Skriver, која е најпозната по тоа што во 2016 година стана дел од Victoria’s Secret, ова лето е една од моделите на Sports Illustrated во новата колекцијата на костими за капење.
Во оваа нова колекција за 2020 година на Sports Illustrated, можете да ги забележите најразличните модели на костими за капење, во различни летни бои и принтови кои ве прават да изгледате доминантни, самоуверени и воедно можат да ги задоволат различните вкусови.
Погледнете ја фотосесијата која се одвиваше во Доминиканската Република, каде 27 годишната Josephine Skriver, со нејзината природна убавина и привлечност, без сомнение изгледа неверојатно во овие костими за капење.