Тајландска мачка налик Пикачу откако ја лечеле со народен лек

Петок, 28 Август 2020 10:00

Дали го помните некогашниот цртан лик Пикачу, кој беше еден од најомилените меѓу тогашните генерации? Ако не сте виделе веродостојна верзија, еве шанса. Сепак, ова не е шега. Ова е една прекрасна мачка, која за жал има габична инфекција. Нејзината сопственичка во обид да и помогне, да ја излечи со куркума и го смени имиџот. Мачката смени боја, од бела стана жолта. 

Оваа ситуација треба да послужи како совет за сите љубители и сопственици на мачки, пред да го преземат лекувањето на нивните миленичиња во свои раце, прво да се консултираат со стручни лица. 

Сопственичката на ова прекрасно суштество Thammapa Supamas од Тајланд е корисник на Фејсбук и голем љубител на мачки која за странските медиуми изјавила дека бојадисувајќи ја мачката со куркума и четка, со цел да ја излечи, таа сменила боја, но сепак вели дека методата носи позитивни резултати. Пред се, се потенцира нужна консултација со експерти. Бидејќи се обидувала на било каков начин и метод да и помогне на својата мачка да оздрави и ништо не било од полза, таа се консултирала со својата мајка, која како алтернатива за лечење и предложила да употреби куркума. Куркума е индиски зачин и лековита билка која помага при лечење на инфекции. Кога го започнале тој процес, всушност забележале дека мачката ја менува бојата, па така решиле целосно да ја бојадисаат, откако првенствено ѝ го нанела зачинот на веќе инфицираната нога, но ѝ било страв дека инфекцијата ќе се прошири и на останатиот дел од крзното па нанела куркума на целата мачка.

PikachuPikachu

Сепак, оваа убавица стана уникатна, но и здрава, што е најбитно во целата приказна. Па, запознајте ја оваа тајландска крзнена убавица. Нејзиното име е Ка-Пвонг, а не Пикачу. 

„Мојата мачка дури и не знае дека нејзиното крзно сега е жолто. Сега таа е повторно разиграна и јаде како и обично“, изјави сопственичката за странските медиуми.

PikachuPikachu

Важно да се напомене дека сакајќи да ја направи ситуацијата поинтересна Тамапа фотошопирала додатни работи за мачето да „стане Пикачу“. 

„Мило ми е што зачинот помогна и сигурна сум дека ќе им помогне и на другите домашни миленици. Куркумата е одлична бидејќи ја забавува инфекцијата, а истовремено не дозволува вашата мачка да ја лиже областа. Само се надевам дека Ка-Пвонг е среќна со новиот изглед и судејќи според реакциите на луѓето на улица, таа може да стане вистинска звезда“, вели Тамапа. 

PikachuPikachu

Сопственичката е во надеж дека по извесно време бојата на крзното ќе почне да се одмива и дека ќе се врати во првобитната состојба.

Pikachu