Безглутенски палачинки од 2 состојки готови за 5 минути

Вторник, 20 Октомври 2020 22:00

Јајца и банани, и тоа е тоа!

Палачинките се исклучително брзи и лесни да се направат и се одлична варијанта доколку сакате да ги замените нашите класични палачинки со нов поздрав вкус.

Палачинки

Овие палачинки се одличен предлог за вкусен и експресно брз оброк за оние кои имаат алергија или нетолерантност на глутен бидејќи се без глутен и без млечни производи - тие навистина се прават само со банана и јајца. Еден прстофат прашок за пециво или сода бикарбона ќе ги направи помеки, а малку екстракт од ванила или мед помага да добијат невeројатен вкус.

Испасирајте ја бананата со вилушка и додадете едно до две јајца. Кога ќе ја соедините смесата, по желба можете да додадете екстракт од ванила или малку сода бикарбона за да бидат помеки и воздушести. Пред сè, направете ги палачинките помали. Не само што ќе се зготват побрзо, туку и полесно се превртуваат. Околу две лажици тесто за секоја палачинка, што прави палачинка од 5cm во дијаметар. Можете да ги послужите и декорирате со најразлично овошје и да ги посипете со мед, јаворов сируп или што и да посакате.

Гответе во тавче што не лепи без масло.

Од една средна банана и едно јајце добивате пет мали палачинки, па така можете да си ја одредите потребната доза, но со сигурност ви ветуваме дека ќе посакате уште. Во случај да сте расположени да експериментирате, во смесата што ќе остане за последните 2 палачинки додадете 1 рамна лажичка какао и малку млеко. Ќе добиете неодоливи чоколадни палачинки кои вашите деца ќе ги обожаваат.

Добар апетит!