Познатите филмски сцени стануваат побогати за еден неочекуван гостин

Петок, 16 Октомври 2020 18:00

Ако сте љубител на филмската уметност, сигурно сте посакале барем еднаш да застанете рамо до рамо со вашиот омилен актер и со заеднички сили да се борите против неправдата.

Не помалку предизвикувачка е ситуацијата кога целото тело копнее да му помогне на главниот лик на кој било начин да најде излез од темниот подрум во кој е затворен. Нема потреба да зборуваме за романтични сцени, бидејќи кој не сака да биде во прегратка на заљубен херој, кој ќе поместува планини и ќе го спаси светот, но се двоуми дали да го отвори срцето пред убава девојка.

Меѓутоа, ако сте доволно реални, знаете дека сè завршува само на фантазијата. Можеби некогаш, ако сте доволно среќни да запознаете некои од вашите омилени актери и имате задоволство да ги запознаете, но да глумите со нив на филмски сет, тоа сепак останува само дел од имагинацијата. Или барем за повеќето луѓе.

Еден млад индонезиски уметник најде начин да се справи со овој проблем. Неговото име е Сјахрил Рамадан и со  помош на Фотошоп успева да го вметне својот лик во добро познати сцени со акциони филмови. Сликите се толку реални, што во одредени моменти навистина може да бидете измамени и да помислите дека тој е дел од сцената.

Доколку сте расположени за малку забава и сеќавање на познати сцени од филмови кои го одбележаа 20 век, ве покануваме да погледнете во нашата галерија, преземена од неговиот Инстаграм профил со повеќе од 425 илјади следбеници денес, за разлика од неговите почетоци во мај 2014 година.