Дивна Миловановиќ на српската јавност и стана позната како ТВ водителка. Покрај тоа што е дипломиран новинар по професија, поради привлечниот изглед се има пробано и во улога на модел. Исто така е позната и како текстописец на сите актуелни пејачи кои ги пејат нејзините стихови. Освен талентот, Дивна е и многу атрактивна девојка која може слободно да парира во убавина на било кој од светските модели.
Настрана кариерниот успех, приватниот живот и има донесено големи разочарувања. Она што самата го смета за најголем личен неуспех е распадот на нејзиниот брак. Во повеќе ситуации има говорено на таа тема на својот YouTube канал, какво влијание и има оставено целата таа ситуација. Не ретко ја споменува токму анксиозноста, за која не крие и транспарентно ги изнесува своите искуства.
Социјалната анксиозност е последица на модел на однесување кој се учи и од кој со доволно труд и волја можете да се одучите. Дивна има снимено повеќе видеа токму за таа тематика, отворено зборувајќи како таа се справувала со анксиозноста во одредени моменти, и каков бил нејзиниот пат до подобрување на состојбата. На овој начин таа се надева да ги потикне сите со иста или слична состојба, отворено и искрено да разговараат за својот проблем, и доколку е потребно да побараат стручна помош.