На 13 годишнината од смртта Тоше Проески добива достојно вечно почивалиште

Петок, 16 Октомври 2020 09:00

Поминаа долги 13 години откако Македонија го загуби својот музички ангел. Овој датум засекогаш ќе остане завиен во црно за сите кои го познаваа.

По повод 13-годишнината од смртта на нашиот Тоше Проески во многу градови низ републикава на симболичен начин се одржуваат бројни манифестации во негова чест. Најчесто тоа е повик сите угостителски објекти да ги пуштаат песните на Тоше. Идејата е секогаш со големо задоволство прифатена и угостителите велат дека тоа е најмалку што можат да направат во спомен на прерано починатата музичка ѕвезда. Слично е и со медиумите.

Оваа година во неговото родно Крушево, ќе биде откриен пред посетителите спомен-обележјето на Тоше Проески, односно неговото вечно почивалиште почнато со градба во октомври 2019. Крушево го изготви идејното решение за уредувањето на вечното почивалиште на Тоше Проески на Гумење, со одвоени 10 милиони денари од Владата на Република Северна Македонија. Автори на идејното решение се „Архитектоника“, и во консултации со неговото семејство направени се и гробни места за родителите на Тоше.

Тоше Проески