Начини да се грижите за вашата кожа без да трошите пари

Сабота, 17 Октомври 2020 20:45

Честопати, жените се доведуваат во заблуда кога станува збор за нега на кожата на лицето. Тие веруваат (со чесни исклучоци) дека за да се постигне негуван изглед на кожата на лицето, потребно е да се потроши цело богатство. Имено, иако е потребно да се вложат пари во квалитетни креми за сончање, средства за чистење на лицето и хидратантни креми, сè друго е непотребно во повеќето случаи. Под ова подразбираме кожа која нема проблеми со акни, иритации, сувост или масна кожа. Па дури и кога станува збор за чувствителна кожа, што помалку инвазивна козметика, толку подобро, тврдат дерматолозите. Постојат бројни начини да се подобри здравјето и квалитетот на дермисот (кожата), без да се трошат големи финансиски средства. Во оваа прилика ви ги пренесуваме советите на дерматолог за нега на кожата - на природен начин.

Избегнувајте да го допирате лицето со раце

Раце бактерии

Пандемијата на вирусот Корона доведе до поголема свесност кај луѓето за бактериите и вирусите кои не опкружуваат. Како резултат, започнавме почесто да ги миеме рацете и минимално да го допираме лицето преку ден, особено на јавно место. Овие добри навики, особено што се однесува на допирање на лицето, се клучни за неговото здравје и убавина. Дури и кога не сте надвор од куќата, и кога рацете ви се прилично чисти, допирањето на лицето е нешто што треба да го избегнувате колку што можете повеќе. На овој начин, испраќате повик до бактериите да ја нападнат кожната бариера на вашата кожа и да предизвикаат формирање на акни.

Редовно перете ја навлаката на која што спиете

Перење навлака

Според советот на дерматолог, навлаките на перниците треба да се менуваат на неделно ниво. Ако имате проблеми со масна кожа склона кон акни, можете да ги менувате и двапати неделно. Се чини како монументална задача, но всушност е многу важна ставка за чиста и убава кожа. Освен траги од мртва кожа на перницата, на навлаката оставате и пот и масло од косата, што може да доведе до запушување на порите на лицето.

Избегнувајте спиење на стомак

Спиење на стомак

Кога станува збор за положбата на спиење, дерматолозите советуваат да избегнувате спиење на страна. Овој начин на спиење промовира брчки на кожата на лицето и градите. Се препорачува да спиете на грб. Ставањето перница под колената спречува да се вртите на страна во текот на ноќта, кога сте на грб. Спиењето на грб е исто така позитивно за ослободување од низок притисок, и ако не можете цела ноќ да ја поминете во оваа положба, поставете перница помеѓу градите за да спречите појава на брчки на нив.

Држете ги рацете подалеку од мозолчињата

Мозолче

Кога ќе го исцедите мозолчето, всушност правите мала лузна на кожата на лицето, која ако ја повторите може да стане трајна. Значи, ако имате мозолче на лицето, држете ги рацете подалеку од него. Со стискање, може да предизвикате инфекција дозволувајќи им на бактериите да влезат подлабоко под кожата преку лузната.

Вода

Вода пиење

Хидратацијата однадвор и одвнатре е главниот фактор за одржување на убава, негувана и здрава кожа. Потребни ви се најмалку 8 чаши вода во текот на денот. Затоа, не дозволувајте вашата жед да ве потсети да пиете вода.