Објавен е календарот со австралиските пожарникари за 2021 година исполнет со тонирани тела и мили животинки, со посебен осврт оваа година на катастрофалните последици од огнот низ шумите што ги претрпе земјата пред само неколку месеци.
Во 28-та година од првото издание „најпопуларниот календар во светот“ создаде шест уникатни календари - вклучително и две нови верзии - во чест на напорната работа на австралиските мажи и жени кои се бореа низ пламенот за време на кризата 2019/2020.
„Никој не остана рамнодушен гледајќи го нашиот скапоцен див свет како се обидува да избега од пожарите, секоја загуба е навистина страшна!“, изјави директорот на календарот Дејвид Роџерс.
„Сите кои беа вклучени во изработката на календарот на пожарникарите на Австралија одлучија дека нашите напори треба да бидат насочени кон дивиот свет во Австралија“.
Проценето е дека една милијарда животни настрадаа низ Австралија за време на катастрофалните пожари, а уништената животна средина го оневозможи враќањето на оние спасените во своето природно живеалиште.
Новиот календар „Херој“ дава чест на напорната работа на тимот за итни случаи, додека календарот „Љубители на животни“ вклучува разновиден спектар на австралиски диви животни, преслатки животни за спасување и животни тренирани за терапија, како и други интересни слики на разновидни животни типични за австралиското поднебје.
Погледнете како изгледаше процесот на снимање: