Светот на славните секогаш е извор на постојана забава. Сè што прават, велат и мислат е како анимиран филм. Затоа, не е изненадувачки што се одлучија да застанат рамо до рамо со нивната многу помлада верзија, правејќи смешни изрази на лицето и гестови. Холандски графички дизајнер по име Ард Гелинк одлучи да ви овозможи да патувате низ времето.
View this post on Instagram
Неговата работа се рефлектира во поврзување на минатото и иднината. Тој фотографирал познати личности од светот на филмот, музиката и модата, давајќи им можност да се сетат како изгледале во младоста. Сликите се толку реални, што лесно може да помислите дека станува збор за постари и помлади браќа и сестри кои изгледаат многу слично, па дури и родители со своите деца.
View this post on Instagram
Гелинк се занимава со вакви фотомонтажи околу 10 години и по се изгледа дека не му недостасуваат идеи и инспирација. Напротив, со секое ново дело, тој ги воодушевува своите 286 илјади следбеници на Инстаграм кои се доказ за квалитетот на неговата работа, а овие фотографии на млади и постари верзии на познатите личности се вистински шлаг на тортата. Уверете се сами.