Синхронизирана бременост на сестри близначки мажени за браќа близнаци

Понеделник, 17 Август 2020 21:00

Британи и Бријана (34) се запознале со браќата Џош и Џереми Салиерс (36) на „Фестивалот за близнаци“ во Твинсбург, Охајо. За да биде сѐ во духот на близнаците, Џош и Џереми ги запросиле Британи и Бријана на 2 февруари (02.02) и двојките се венчаа заедно на истиот фестивал „Twins Days“ кој секое лето се одржува и на кој присуствуваат близнаци. 

twins

Заљубените двојки имаа тематска свадбена церемонија "Twice Upon a Time", додека венчавката ја одржаа свештеници кои исто така се идентични близнаци. Сестрите близначки носеа идентични венчаници, а браќата младоженци исти костуми, за кои лесно се договориле благодарение на нивниот идентичен вкус за сѐ. 

„Стапувањето во брак со близнаци за нас е од особена важност. Уште од мали девојчиња, паметам како во градинка ја замислувавме иднината токму вака. Знаевме дека шансите се неверојатно мали. Ѕвездите мораа да се подредат за да ни се остварат соништата. Јас да се омажам со мажот од моите соништа, а во исто време, да можам да погледнам до мене и да ја видам мојата сестра близначка како се венча со мажот од нејзините соништа“, изјавија тогаш невестите за People magazine. 

Twins

Паровите по свадбата ги споделија заедничките планови, да живеат заедно во иста куќа, да имаат синхронизирани бремености и заеднички да ги воспитуваат децата. 

„Кога знаеш, нешто, знаеш. Ние целиот живот знаевме дека доколку се жениме тоа ќе биде со идентични близначки“, кажаа браќата за TLC шоуто 'Our Twinsane Wedding', кое им донесе голема популарност со нивната љубовна приказна која го обиколи светот.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Josh, Jeremy, Brittany, Briana (@salyerstwins) on

Радосната вест за синхронизираните бремености ја соопштија преку социјалните мрежи и нагласија дека нивните деца не само што ќе бидат братучеди, во правна смисла, туку и генетски ќе бидат браќа/сестри бидејќи идентичните близнаци делат ист генетски материјал (ДНК).

„Најверојатно тоа ќе биде како да имаат две мајки и двајца татковци истовремено. Ќе се грижиме за нашите семејства заедно. Сакаме да имаме близнаци кои ќе се родат на истиот датум. Свесни сме дека тоа се четири бебиња одеднаш. Заедно ќе се грижиме за нашите семејства и сите се согласуваме околу тоа“, изјави среќната фамилија во гостувањето кај Sonia Kruger и David Campbell на Australia's Today шоуто. 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Josh, Jeremy, Brittany, Briana (@salyerstwins) on

Имаат поддршка од родителите, иако мајката на близначките е сепак загрижена околу оваа одлука, за средината во која ќе растат децата и како ќе бидат прифатени од околината. 

„Каков живот ќе имаат тие деца? Дали ќе имаат двајца или четворица родители? Како ќе бидат воспитувани? Како ќе ги дисциплинираат? Како ќе знаат кои им се мајка и татко, а кои тетка и тетин, односно чичко и стрина“, безброј прашања ја мачат идната баба Дебра Диен. 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Josh, Jeremy, Brittany, Briana (@salyerstwins) on

Во неодамнешното гостување на NBC кај Kit Hoover и Natalie Morales ја потврдија својата решеност во одлуката, и дека повторно би избрале да го направат истото.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Josh, Jeremy, Brittany, Briana (@salyerstwins) on

Цагери

Следен цагер

Цагери Четврток - 21:21 - Ќе ти се пушта