Оброци кои ќе ви биде жал да ги вкусите: Креативна мајка од Белгија создава уметност од храна

Четврток, 10 Септември 2020 10:00

Jolanda Stokkermans е жителка на Koersel, мало село во Белгија, мајка на две деца и горда сопственичка на Jack Russells. Таа има посебна супер моќ со која од ова селце допре насекаде низ светот. Веќе една година како започна да подготвува лесни рецепти кои ги меморираше во својата камера, од форми и облици на познати лица, филмски ликови, цвеќе, разни животни.

Stokkermans

Јоланда, сега веќе подобро позната како De Meal Prepper, посветува големо внимание на секој детаљ, користејќи најразлични зачини како водени колор пигменти за добивање сенки и длабочина на порцијата подготвен оброк. Постојано има инспирација, и никогаш не и недоставуваат идеи, најверојатно затоа што ова хоби и носи големо задоволство и лична сатисфакција, освен што ги развеселува своите деца, и нејзиниот дом е најпосакуван дом за посети на гости.

„На почетокот само ќе погледнев во фрижидерот, да видам со кои состојки можам да се послужам. Доволно беше да видам некој не толку секојдневен зеленчук, или паста, и веднаш да се роди идеја за нешто ново“, раскажува како започнало се.

Stokkermanshttps://taa.mk/aktuelno/zanimlivosti/obroci-koi-kje-vi-bide-zhal-da-gi-vkusite-kreativna-majka-od-holandija-sozdava-umetnost-od-hranahttps://taa.mk/aktuelno/zanimlivosti/obroci-koi-kje-vi-bide-zhal-da-gi-vkusite-kreativna-majka-od-holandija-sozdava-umetnost-od-hrana

Најмногу е ангажирана во креативни работилници каде несебично ја споделува својата креативност, најчесто преку онлајн курсеви поради моменталната ситуација со корона вирусот, и периодов е на идеја да создаде календар. 

„Најзастапени продукти во мојата работа се зеленчуците, сос од домати, природни бои за храна, соја сос и најразлични зачини за декорација и боење на садовите за храна. Се што ќе се најде на чинијата лесно може да се обликува како и да посакате“, ја објаснува Јоланда својата љубов за декорирањето храна. 

https://taa.mk/aktuelno/zanimlivosti/obroci-koi-kje-vi-bide-zhal-da-gi-vkusite-kreativna-majka-od-holandija-sozdava-umetnost-od-hrana

За секое јадење и се потребни 2-4 часа подготовки, зависно од комплицираноста на дизајнот и достапноста на продуктите. Тешко е да одбере кое дело и е омилено, и вели дека никому не треба да биде жал да јаде било кој од оброците. 

„Сите оброци се направени за да бидат изедени. Нека не ви е жал да ја растурите чинијата“, вели оваа креативна мајка. 

PetelStokkermansStokkermansStokkermansStokkermans

Цагери

Следен цагер

Цагери Четврток - 19:19 - Ќе ти каже дека те сака