Лесни и забавни фризури од популарната блогерка Негин Мирсалехи

Четврток, 17 Септември 2020 21:30

Негин Мирсалехи (32) е една од најактуелните и атрактивни модни блогерки на денешницата, со 6.1 милиони следбеници на Инстаграм.

Негин Мирсалехи

Холандската блогерка со иранско потекло во 2012 година го направи првиот чекор со профилот на Инстаграм каде започна да објавува секојдневни модни комбинации за шик и урбан изглед. Наскоро креира моден блог кој постигна брилијантен успех за кратко време. Кратко потоа започнува и со многу успешен канал на YouTube, кој го трансформира во деловна империја. Модното блогирање на почеток било само хоби, но, како модното блогирање се повеќе го „преокупирало" нејзиното време, така сфатила дека оваа нејзина пасија заслужува да биде многу повеќе од хоби. Денес, модното блогирање е нејзина професија.

Негин

Она по што е најпрепознатлива е секако нејзината коса за која создаде цела линија производи под името Gisou, со која раководи нејзината мајка, па својот Инстаграм профил и влијанието на социјалните медиуми, го користи и за промоција на истите. 

Бидејќи најчестите прашања кои ги добива од своите следбеници се поврзани со негување и стилизирање на косата, Негин се одлучи да сподели дел од своите ритуали, како таа се подготвува во домашни услови. Најверојатно нема девојка со долга коса која ги нема пробано овие брзи и едноставни, а ефикасни трикови. Специјалност и се лелеавите локни, а судејќи според појавата на Негин која секогаш измамува воздишки, не се сомневаме во нивната ефикасност. 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Negin Mirsalehi (@negin_mirsalehi) on

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Negin Mirsalehi (@negin_mirsalehi) on

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Negin Mirsalehi (@negin_mirsalehi) on

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Четврток - 16:16 - Наскоро ќе ти прати порака