Прво нешто на што ќе помислите кога ќе ги видите сликите од хотелот е дека тој се наоѓа некаде во Африка, веројатно во некој далечен сафари-резерват. Меѓутоа, луксузниот Port Lympne Hotel and Reserve е лоциран во Хајт, Кент, Велика Британија, и може да се пофали со висока категоризација од 4 sвезди. Комплексот е уреден во стил на 15-ти и 16-ти век, со апартмани идеални за семејства со деца, кои сакаат на своите најмили да им приредат незаборавен одмор.
Хотелот е дел од резерват, а поседува 10 соби и пет луксузни колиби, сите именувани според познати луѓе кои престојувале во нив во одреден момент. Објектот наречен „Giraffe Hall“ овозможува да уживате во пијалак и поглед кон паркот. Најскапа сместувачки единица е луксузната колиба „Lion Lodge“ во средишниот дел на лавовското дувло на лавица и две младенчиња кои постојано ги гледате преку прозорците кои се поставени низ целата колиба. Цените се движат од 300 до 2.000 евра за ноќевање, кои се користат за подобрување на работата на самиот сафари парк со кој раководи Aspinall Foundation.
Жирафите се своевидни домашни миленици во хотелот кои секојдневно чукаат на прозорите на собите на гостите во текот на денот, или љубопитно проверуваат што имате во чинијата за појадок.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Резервации веќе се прифаќаат за гостите кои ќе биде подготвен да ги прими следното лето, а досега има повеќе од 9.000.