Парис Хилтон е една од првите и најпознати јавни личности без некоја особена причина, освен што е богата наследничка на ланец-хотели. На јавноста и е позната веќе две децении, и ако ги прашате повеќето луѓе, тие ќе ја опишат како „глупава русокоса“, родена под среќна ѕвезда да има се што ќе посака. Додека некому е крајно симпатична, други не го делат истото мислење, туку напротив, презираат каква било форма на нејзинo појавување во јавноста и изглед. Неспорен е фактот дека Париз порасна во изобилство, што и овозможи сè на светот и отвори многу врати, но честопати таа позиција и донесе и многу предрасуди и непријатни ситуации. Токму тоа, другата страна на приказната е она што документарниот филм „This Is Paris“ во продукција на YouTube Originals сака да го прикаже. Вистинската приказна за Парис Хилтон која зборува за многу непознати факти од животот на старлетата, а еден од најинтересните е оној што потврдува дека Париз, како што светот знае, е само добар трик за маркетинг, шоу и всушност бегство од „совршениот живот на разгалена богата жена“.
За луѓето да имаат подобра претстава за оваа славна 39-годишна дама, Парис дозволува снимениот документарец за сопствениот живот, да може бесплатно да се гледа на YouTube. На прашањето зошто дури сега одлучила да му се претстави на светот во вистинското светло, одговорила дека почувствувала дека е вистински момент за тој потег. Парис вели дека никогаш не била олку отворена за нејзиниот живот и дека конечно е подготвена да ја раскаже нејзината вистина.
„Сите мислат дека мојот живот е совршен и дека отсекогаш сè ми било сервирано на послужавник, но вистината е сосема поинаква. Сега сум доволно зрела и доволно самоуверена за да можам да зборувам за некои грди искуства со кои морав да се соочам. Поминав многу работи и сакам да ги разбијам предрасудите кои се појавија за мене. Исто така, важно ми е луѓето да ме паметат по она што го постигнав, а не за моето наследство. Сакам да ме паметат како успешна деловна жена, а не како некоја глупава“, открива ѕвездата од високото американско општество во интервју за магазинот „People“.
I've never been this open about my life before, but I'm finally ready to share my truth. Click link in my bio to watch the full trailer for my new documentary #ThisIsParis coming to @YouTube 9/14. https://t.co/idK6J9a4n7 #YouTubeOriginals 🎥 pic.twitter.com/ClXJd9R0Lj
— Paris Hilton (@ParisHilton) August 17, 2020
Парис Хилтон открива многу од својот приватен живот, без никакви филтри, a eдна од побизарните работи што може да се види во документарниот филм e нејзината промена на гласот. Тој карикатуриран глас со кој зборуваше пред камера сите овие години не е вистински нејзин глас. Покрај тоа, таа има повеќе гласови што ги менува по своја волја. На почетокот на документарниот филм вели „Ова е Парис Хилтон“ пред микрофонот на 11 различни начини.
„За сето ова време јас всушност се преправав каква што не сум во реалниот живот и луѓето никогаш немале шанса да ме запознаат подобро. Јас сум всушност многу интелигентна и воопшто не сум глупава. Јас сум навистина добра во тоа да се преправам“, признава со длабок глас во неодамнешното интервју за австралиската утринска емисија „Sunrise“, навестувајќи и болна траума од детството за која Парис првпат јавно зборува.
Во документарниот филм таа зборува и за злоупотребата што ја доживеала како 17-годишна тинејџерка кога нејзините родители ја пратиле во интернат во училиштето „Provo Canyon School“ во Јута кон крајот на 1990-тите. Парис трпела психичко и физичко малтретирање и била принудена да зема лекови. Таа не е единствената што го поминала тоа, како што вели, и денес и се јавуваат луѓе кои го доживеале истото.
„Штом стапнав таму, знаев дека дојдов на ужасно место. На професорите и персоналот на интернатот не им беше примарно учењето, туку тортурата. Викаа на нас по цели денови, постојано некој беше виновен за нешто и секојдневно имаше физичко насилство, фрлаа со предмети кон нас, нè удираа и нѐ давеа. Сакаа да всадат страв кај децата и да постигнат апсолутна дисциплина, а методите беа застрашувачки доколку се спротивставите, ќе бидете врзани за кревет и ќе ви дадат седативи“, сведочат и три соученички на Парис кои ја потврдуваат нејзината приказна за ужасите на интернат.
.@ParisHilton opens up to Drew about her traumatic past and experiences as a survivor on today's #DrewBarrymoreShow. pic.twitter.com/czUVdmvGCk
— The Drew Barrymore Show (@DrewBarrymoreTV) September 21, 2020
Наводно, вработените во училиштето ѝ го земале телефонот од раце и ги кинеле писмата што им ги пишувала на родителите, па не знаеле што точно се случува.
„Бев мизерна. Се чувствував како затвореник и го мразев својот живот. Се срамев и не сакав воопшто да зборувам за тоа. Бев благодарна што излегов од таму. Сакам да ги затворат ваквите интитуции и сакам да преземат одговорност, доста е со малтретирања“ заклучува Хилтон која не планира да поднесе тужба, туку само сака да ја подигне свеста на јавноста што се случува во ваквите установи.
Погледнете го целиот документарец подолу: