Направете сами: Tie Dye шара која е апсолутен хит

Вторник, 13 Октомври 2020 22:25

Еден од модните трендови кои го гледаме насекаде оваа есен е овој интересен шарен изглед на маички т.н. Tie Dye. Оваа техника можете да ја примените на било кое парче облека, во било која боја, а резултатот е секогаш уникатен и интересен. Ќе ви покажеме како со неколку лесни чекори можете да го изработите сами дома.

Направи сам/а

Ќе ви биде потребно:

  • 100% памучна блуза
  • неколку чаши белило
  • кофа
  • пар ракавици
  • неколку гумени ластичиња
Направи сам/а

За да направите шара налик решетка, преклопете ја блузата како хармоника и врзете ја помеѓу две парчиња дрво или други два предмети во рамна форма. Прицврстете ја на место со завиткување на низа гумени ластичиња. Сè што се користи за врзување на облеката ќе спречи пенетрација на белилото, а остатокот од изложената ткаенина ќе се избели и ќе добиете интересна шара.

Направи сам/а

Пред да започнете со избелувањето, ставете заштитни ракавици и работете на отворено или во добро проветрена просторија. Разредете приближно 4 чаши белило со 1 чаша вода. Потопете ја блузата во белилото само неколку секунди. Направете го ова внимателно затоа што во зависност од материјалот на облеката, бојата може да се смени многу брзо и белилото ќе започне да ја еродира ткаенината. Веднаш штом боја почне да се трансформира извадете ја од белилото. Потоа исплакнете ја добро блузата, одврзете ги ластиците, исплакнете ја рачно и закачете да се исуши.

Направи сам/а

Нијансите на боја полека ќе се изедначат во својот финален изглед. Откако ќе се исуши, ставете ја во машина за перење.

Направи сам/а

Вашата блуза е подготвена за носење!

Направи сам/а

Затоа што можете да бидеме сосема слободни во креативноста при креирање на шарите, проследете неколку примери за редење и виткање на материјалот, така секогаш ќе добиете интересна и креативна шара:

Направете самиНаправете самиНаправете самиНаправете самиНаправете самиНаправете сами