Мрачна елеганција во новата колекција на H&M

Среда, 14 Октомври 2020 22:00

Преземајќи го името од напуштениот проект за книга на нејзиниот сопруг – пејачот Ник Кејв, ‘The Vampire’s Wife’ или Сопругата на Вампирот е визијата за модниот дизајн на Сузи Кејв, поранешна манекенка и муза на големите британски дизајнери Вивиен Вествуд, Бела Фројд и Филип Трејси.

Дизајнерката на ‘The Vampire’s Wife’ вели дека е пресреќна што ќе може нејзините каприциозни, романтични фустани да ги види во комерцијалната мода со мала помош од H&M. Кога гигантот и понудил соработка, дизајнерката без размислување ја прифатила дадената можност.

„Секакви големи имиња дизајнираа колекции пред мене, модни икони како Карл Лагерфелд и Версаче, и навистина беше многу возбудлива идејата моите фустани да бидат достапни за сите!“

Дизајнерката има само пофалби за нејзините нови шведски колеги, со кои имаше блиска соработка преку Zoom платформата.

„H&M се потруди да ја пронајде суштината на изгледот и дизајнот на ‘The Vampire’s Wife’, а потоа ги оствари моите соништа точно според моите зададени спецификации“, изјавува Кејв.

Гигантот успеа да ја изреализира замислата на Сузи Кејв во најбрз временски рок и покрај екот на пандемијата. Заедно одлучија готскиот изглед да преовладува во колекцијата. Линијата е претежно составена од црни фустани со Викторијански изглед. Како и секогаш, нејзиниот сопруг Ник се вклучил во креативниот процес.

„Нашата куќа стана како фабриката на Ворхол - се разбира без посетители. Ник седна едно утро и ја издизајнира целата линија на накит сам. Тој обожава да работи на работи за кои не знае ништо. За него тоа претставува одличен предизвик!“

Колекцијата 'The Vampire’s Wife' во соработка со H&M можете да ја нарачате на официјалната страна на Hm.com почнувајќи од 22 октомври.

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Четврток - 10:10 - Телефонски разговор