Секоја љубов е различна, има своја уникатна приказна и е убава на свој начин.



Една свадбена церемонија што се одржа во Мелбурн е помалку будалеста, но токму заради тоа и многу симпатична. Келси и Енди ја замислија својата венчавка на необичен начин, со изобилство од боја на сите страни, светкаво осветлување и во присуство на огромен еднорог. Темата за оваа венчавка беше уметнички настан наречен - Burning Man.



Невестата носеше венчаница со ламби, дијадема на главата и впечатливи чевли со висока платформа. Младоженецот беше уште понеобичен во неговата блескаво одело без кошула со машна на вратот, длабоки чизми и капа на главата. Невестата признава дека како девојче никогаш не сонувала за свадба на какви претежно присуствувала, а во кои имало бели венчаници и големи класични веселби. Младоженецот се чини дека уште повеќе уживал во уникатната свадба, забавувајќи се во неговата весела облека.



За да ги изговорат своите брачни завети, парот избра тематски Barbie Death Camp, за кој им требаше скоро една година да ја испланираат оваа необична венчавка и да откријат дали е дозволено венчавката да се одржи таму. Она што придонесе оваа свадба да биде уште пофасцинантна е фактот дека парот ги покани сите луѓе што ги сретнаа на настанот Burning Men да присуствуваат на нивната церемонија, а најубавиот детал во сето ова е што навистина дојде голем број луѓе.



Тоа беше прекрасна мешавина од светки, прашина и љубов.





