Скопската Зоолошка градина е убава за посета во секое годишно време, особено за најмладите посетители. Меѓутоа, неспорно е дека есента со себе носи некоја жолто златна магија. Животните здивнуваат од високите летни температури, а посетителите уживаат шетајќи во друштво на есенското ветре.
Игор Паневски и неговите фотографии се погрижија да ни ја доближат оваа идилична атмосфера на првиот есенски ден во Скопска Зоо.
Ве потсетуваме дека задолжително е носење маска иако станува збор за отворен простор и при шетање низ градината треба да се одржува дистанца. Строго е забрането хранење и доближување до животните, не смее да се употребуваат летниковците и детските игралишта.