Како брзо и ефикасно да го исчистите вашиот скапоцен накит?

Четврток, 03 Септември 2020 10:00

Постојат многу различни начини кои се препорачуваат за чистење на скапоцен накит во домашни услови.

Еден од најефикасните методи за чистење накит со дијаманти е оној што во себе содржи амонијак. Сепак, треба да се биде внимателен при употребата на амонијак. Иако може да помогне вашиот накит повторно да биде сјаен и блескав, тој е исто така многу ризичен избор бидејќи со негова претерана употреба бојата на металот може да се оштети, додека дијамантите со пукнатини.

Покрај дијамантски накит, амонијакот може да се користи и за чистење на злато и сребро. Значи, ако имате дијамантски веренички прстен кој станал многу валкан поради долгогодишно носење за да ви возврати со својот сјаен блесок, доволно е да имате амонијак при рака. Денес ќе ви покажеме како безбедно да користите амонијак за чистење на накитот. Забележете дека е важно да не користите амонијак често, туку само во многу валкани ситуации.

Задолжително:

  • четка за заби со меки влакна
  • амонијак
  • фино ткаена, крпа без влакна
  • благ сапун
  • млака и ладна вода
  • ракавици

Постапка за чистење:

Растворете го амонијакот во млака вода во сооднос 1:6. Потопете го накитот во подготвениот раствор и оставете го 10 минути. Ставете ги ракавиците на вашите раце кога ќе го извадите накитот од растворот, бидејќи амонијакот, иако разреден, може сериозно да ја оштети вашата кожа. Со четка нежно користете потези што ќе го исчистат вашиот накит. Внимавајте да не бидете премногу агресивни со четката за да не ги оштетите камењата на накитот. По четкањето, вратете го накитот во растворот уште еднаш за да ги отстраните сите траги од нечистотија. Направете мешавина од вода и сапун и измијте го накитот со траги од амонијак. Потоа земете мека крпа и исполирајте го вашиот накит.