Расте бројот на свеќички на нејзините роденденски торти, но се чини Џенифер Лопез како да го забавува времето и успева да остане младолика и исто толку впечатлива како и на почетокот на својата кариера.
Постојано ја прашуваат за совети за беспрекорен изглед без брчки и траги од стареење, на што Џенифер вели дека нема никаква тајна, само редовно се мачка со крем за заштита од сонце и секоја ноќ се обидува да спие осум до десет часа.
„Сепак, голем дел изгледа доаѓа однатре. Секојдневно постојано си велам дека сум млада, убава и дека не стареам. Знам дека звучи банално, но така е”, изјави таа пред една година.
За нејзиниот роденден, пристигнаа честитки од бројните фанови споени во еден видео клип кој трае околу 11 минути. Погледнете од каде сè ја поздравуваат и поддржуваат поп дивата, а на честитките се приклучуваме и ние: Среќен роденден Џени!
View this post on Instagram
Ве потсетуваме на некои од најдобрите модни изданија на Џенифер: