Мјау! – Денеска е национален ден на мачките: Погалете ги вашите крзнени пријатели

Четврток, 29 Октомври 2020 10:00

Националниот ден на мачките во САД за прв пат беше обележан во 2005 година. Иницијативата беше почната од двајца адвокати кои се бореа за правата на животните, Colleen Paige и Adam Olis, за да се подигне свеста за бројот на мачки кои имаат потреба од грижа и дом. Денот, кој се слави секој 29 октомври, ги потсетува сопствениците на миленичиња да се однесуваат кон своите мачки како членови на семејството и да ги опсипуваат со љубов и внимание. Исто така, има за цел ширење на свеста за зголемениот број напуштени животни, поради што се промовира вдомување, наместо да се купуваат мачки.

Покрај овој посебен ден, мачињата имаат уште неколку. Така, тука е Светскиот ден на мачките, кој се слави на 17 февруари во поголемиот дел од Европа и на 1 март во Русија, и Меѓународниот ден на мачките, кој се слави на 8 август, од 2002 година. Мачките се меѓу омилените домашни миленици, се појавуваат во митологијата и легендите, а во древниот Египет се сметале за култно животно.

Маче

Ако сеуште немате мачка, денес е идеален ден за посвојување. Вдомувањето мора да биде одговорна одлука со која се согласуваат сите членови на семејството. Исто така, треба да бидете свесни дека мачката треба да има најдобра можна грижа, редовни оброци и здравствена заштита во следните 15-20 години. Животните не се играчки, па затоа пред да посвоите, добро размислете дали имате можност да се грижите за нив.

Маче

На овој ден, не смееме да ги заборавиме здруженијата за напуштени животни кои се грижат за мачки. Може да им донирате песок, храна, ќебиња и играчки. Пријавете се за волонтирање и поминете време со мачки, исчистете им го просторот, хранете ги и покажете љубов. Сè уште има многу мачки на улица, затоа направете добро дело денес и не свртувајте ја главата од нив.

Контактирајте ги локалните здруженија за стерилизација/кастрација за да го намалите бројот на напуштени животни кои едвај преживуваат на улица. Немаат кој да се грижи за нив, да им даде малку храна, вода и засолниште. Животот на улица е исклучително тежок, затоа секогаш помагајте им на гладните мачки. Благодарноста во очите на животното не може да се спореди со ништо на овој свет. Грижете се за шепастите и разубавувајте им го животот на овој свет.

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Петок - 02:02 - Љубов во неговото друштво