Руска кафеава мечка гради богата кариера како модел и актер низ целиот свет

Среда, 28 Октомври 2020 21:35

Запознајте еден многу необичен мил мечок.

Станува збор за руска кафеава мечка која била напуштена од мајка си уште како младенче и израсна со луѓе, а пред која е блескава кариера. Оваа мечка има 28 години и веќе е доста позната на територијата на Русија. Додека беше младенче, неговата мајка го остави, но мајката природа имаше друга судбина за него. Тој беше посвоен од хумана двојка, Светлана и Јуриј Пантеленко, кои станаа негово семејство.

Мечок СтепанМечок Степан

Бидејќи беше посвоен на само 3 месеци и порасна опкружен со луѓе, мечката по име Степан е многу мирна и послушна. Кога го пронашле, мечката лутала сама во шумата во катастрофална состојба, па затоа парот не се двоумел ниту за момент да го прими и да му даде топол дом. Според неговите посвоители, ова необично милениче над 2.25 метри и 350 кг е многу нежно и никогаш не загрозило никого со својата големина и сила.

Мечок СтепанМечок СтепанМечок Степан

Тој ја започнал кариерата во филмови на познати руски режисери и постојано се појавува на малиот екран во серии и во реклами. Во неговиот последен ангажман, Степан е ѕвезда пред објективот на фотоапаратот на познатата руска фотографка Мила Жданова. Кога дознала за постоењето и природата на оваа необична мечка, Мила решила да ја претстави во светло во кое обично не е прикажан неговиот вид. Тој стана нејзин модел и она што се забележува на фотографиите што имате можност да ги видите во нашата галерија, Степан навистина ужива во нив.

Мила често го претставуваше Степан на фотографиите во бајковито издание, инспирирана од бајките и светот на животните. Бројни модели со Степан на сликите дојдоа во Русија од целиот свет и чекаа 5 години да добијат можност да позираат покрај него, облечени во традиционални руски носии, за да изгледаат уште повеќе како од бајка.