Првиот TikTok на Камерон Диаз за нејзиниот 48-ми роденден

Понеделник, 31 Август 2020 10:00

Холивудската актерка Камерон Диаз денеска полни 48 години. По тој повод реши да ги почести своите обожаватели со нејзино вклучување во големото TikTok семејство. Таа сподели кратко видео од предизвик кој го изведуваат со нејзината пријателка. 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Cameron Diaz (@camerondiaz) on

Камерон пред пет години го сними својот последен филм, а годинава изјави дека и официјално се повлекува од филмската индустрија. Вели дека го пронашла својот внатрешен мир откако престанала да глуми и снима филмови.

„Одлучив дека сакам нешто друго од животот. Не ми остана простор за приватен живот“, кратко истакна Диаз.

Во донесувањето на таа одлука голем удел има и улогата на мајка во која се оствари годинава, по прв пат стана мајка на 48 години. Во брак со Бенџи Меден, Камерoн го доби своето прво дете, ќерката Радикс Меден. Камерон и Бенџи се венчаа во јануари 2015 години. 

Камерон освен мајчинството и пензионирањето, периодов беше актуелна и со нејзината зависност од естетски зафати и операции, поточно зависноста од ботокс. 

„Ја уништив својата кожа со лошиот начин на исхрана. Во младоста, честопати доцна навечер го нарачував најголемиот хамбургер и шише газиран пијалок. Поради тоа што бев тенка, можев да јадам сè, но мојата кожа не можеше добро да го поднесе тоа. Таа беше во прилично лоша состојба. Затоа решив да посегнам по ботокс“, има изјавено за нејзините почетоци со зависноста.

По кратко време таа сосема станала зависна од овој третман, и во еден момент почувствувала како ја губи самоконтролата. 

„Само два третмани беа доволни за станам зависник. Ме убиваше одвнатре тивко полека. Ни самата не знам колку пати сум инјектирала, но знам дека тоа беше многу повеќе отколку што смеев да си дозволам. Ботоксот го измени целосно моето лице на толку чуден начин, што мислев, не, не го сакам тоа, јас повеќе би го гледала претходното лице како старо отколку ова новo лице што не ми припаѓа“, изјави Камерон истакнувајќи дека тоа е најголемата грешка во нејзиниот живот.

Ние се сеќаваме на убавите моменти од нејзината актерска кариера, и модни изданија на црвениот тепих кои останаа запаметени. 

Камерон ДиазКамерон ДиазКамерон ДиазКамерон ДиазКамерон ДиазКамерон ДиазКамерон ДиазКамерон ДиазКамерон ДиазКамерон Диаз