Викендов во Њујорк се одржа шоуто кое сите со нетрпение го очекуваат целата година. Иако овој пат ситуацијата беше специфична поради глобалната пандемија, и одржувањето на церемонијата до последен момент беше неизвесно, организаторите сепак решија да дадат се од себе и успеаа да приредат настан за паметење.
Водителка на церемонијата MTV Video Music Awards беше Keke Palmer.
Главен акцент вечерта беше ставен на прерано починатиот актер Chadwick Boseman, уште познат и како “Black Panther” звезда.
Palmer го започна шоуто со емотивен говор.
„Пред да се вклучиме во музиката вечерва, треба да одвоиме време за разорната загуба на Chadwick Boseman, актер чиј талент и страст се вистинска инспирација за сите обожаватели што ги допре и за сите што ги сретна“, рече таа. "Ние ја посветуваме вечерашната емисија на човек чиј дух трогна толку многу. Тој е вистински херој. Не само на екранот, туку и во сè што направи. Неговото влијание живее засекогаш".
Најмногу внимание привлече видеото кое беше пуштено во спомен на Chadwick, каде тој пред две години ја прими MTV MOVIE & TV Awards наградата за најдобар филмски херој.
Многу познати личности одадоа почит кон починатиот пријател, колега, актер, и во негова чест пееа песни.
Освен што една ѕвезда згасна, многу други ѕвезди блескаа на црвениот тепих.
Пејачката Lady Gaga, позната како “Mother Monster” се појави во дури девет шокантни изданија, секое во придружба на уникатнa специфична заштитна маска во нејзин стил. За Гага вечерта заврши среќно, одејќи дома со рекордни пет статуетки, како најголем победник на вечерта.
И останатите не беа помалку впечатливи со нивните стајлинзи.
Американскиот модел Bella Hadid пленеше во својот сексапилен стајлинг. Жена во црно. Бела беше облечена во црни и широки панталони кои сега се апсолутен хит, во комбинација со црна блуза од тул.
Во црно и провидно сексапилно издание ги забележавме и Miley Cyrus како и Medison Beer.
Joey King беше облечена во Versace фустан со цветен дезен.
За разлика од неа, Sofica Carson и Nicole Richie заблескаа во фустани во елегантен стил.
На шоуто присуствуваа и групата Black Eyes Peas, Bebe Rexha, DaBaby, The Weekend, Maluma, Doja Cat и многу други.