Мадона го прослави 62-от роденден во ''Јамајка стил'' со скандалозно ''мени'' за гостите

Вторник, 18 Август 2020 21:00

Мадона, кралицата на поп-музиката, го прослави својот 62. роденден на Јамајка, а на социјалните мрежи се појавија фотографии од забавата кои предизвикаа бура од реакции, а доведе и до спротивставени коментари во јавноста. 

Својата роденденска забава ја славеше со ќерка ѝ Lourdes Leon (23), своето мошне помладо момче танчарот Ahlamalik Williams (26) и својот тим соработници. „Kралицата на скандалите“ доцна во ноќта објави фотографии од забавата на кои позира во цветен фустан, со лепеза и мобилен во рацете, околу вратот има разнобоен ѓердан, а носи и штака.

MadonnaMadonnaMadonnaMadonnaMadonnaMadonna

Она што најмногу го привлече вниманието на милионите следачи на „Инстаграм“ е доста невобичаена и смела фотографија на која позира со насмевка на лицето, а во рацете има чинија полна марихуана заедно со две пакувања ризли, а на истата фотографија позира и таа со џоинт во устата порачувајќи „Добредојдовте на Јамајка“. 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Welcome to Jamaica..........🇯🇲🇯🇲🇯🇲💛 #birthday #leo @ahla_malik

A post shared by Madonna (@madonna) on

Пејачката не пропушти прилика да го покаже „менито“ со кое ги почасти своите гости полно здрави овошја, коктели, но и марихуана.

Madonna
 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Madonna (@madonna) on

Познатата пејачка во последно време е актуелна во јавноста поради новиот ремикс сингл на „Levitating“ со Дуа Липа, легендарната раперка Миси Елиот и продуцентката Блесед Мадона, кој ќе биде петти сингл од албумот „Future Nostalgia“, кој Липа го објави на почетокот од годинава.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Madonna (@madonna) on