Популарната двојка Џон Леџенд и Криси Тиген ќе станат родители по трет пат.
Тие одлучија своето семејство да го збогатат со уште еден член, иако веќе имаат две деца, синот Мајлс и ќерката Луна.
Овие среќни вести, тие ги обелоденија во најновиот спот на Џон за песната “Wild”. Прекрасната Криси, која вели дека има “навистина лоши главоболки во бременоста“, одлучи решението да го бара во ботоксот.
Ова е моменталната агонија на Криси со која се справува во бременоста. Криси јавно се огласи на Твитер за истата ситуација, каде изјави дека сака да инјектира ботокс, бидејќи смета дека истиот и помогнал во справување со главоболки во претходната бременост.
„Имам навистина лоши главоболки од бременоста“, напиша Тиген. „Бев воодушевена што докторите ми дозволија да направам ботокс во мускулите на вратот, заедно со лудо комбо од бета блокатори и фреквенција на радиобранови. Животот се менува“, објави во наредната порака.
Како искусна мајка, сподели совет на социјалните мрежи до сите жени кои сакаат да се реализираат во улогата на мајка, да посетат невролог и да добијат што подетални информации во врска со третманот.
„Ако имате средства да одите кај невролог наместо во козметички салони, тоа е многу подобро и побезбедно затоа треба да разговарате со вашиот [акушер-гинеколог]“, рече таа.
Бидејќи иста војна војуваше и додека беше бремена со нејзиното второ дете Мајлс, сподели искуство со фановите, со цел да им даде совет.
„Обожавам да бидам бремена. Ми се допаѓа повеќе од тоа да не бидам бремена“, напиша таа уште во 2017 година. „Но, главоболките, Боже, главоболките. Ве молам помогнете. Не ме советувајте да пијам повеќе вода. Или Tylenol. Или железо. Или магнезиум. Ми треба вештерство“.