Џесика Алба освен мајка на три деца и популарна и успешна актерка, таа има и сопствен бренд козметика Honest, чии производи се формулирани без парабени, сулфати, минерални масла и вештачки мириси. Оваа компанија вредна преку милијарда долари и овозможи на Алба да се запознае одблизу со светот на козметиката, и како всушност делуваат разните средства за нега и убавина на кожата.
Токму големото искуство и познавање на функционирањето на светот на козметиката и убавината, ја прават вистинската личност за споделување совети и бјути трикови. Неодамна беше гостинка во рубриката за убавина на британскиот „Вог“ каде несебично ја сподели својата дневна рутина, и ни покажа колку едноставни се нејзините чекори во шминкањето, и дека и таа како и повеќето девојки употребува прсти за нанесување на нејзината пудра. Таа нема многу слободно време, а и не сака премногу шминка која делува нападно, напротив, љубителка е на природниот и минималистички изглед, со акцент на применување соодветна нега за кожата. Во видеото што го сними за познатиот моден магазин, ги открива своите трикови за шминка и убавина, кои се лесно применливи, не одземаат многу време, и се лесно достапни за сите.
Совети од личност како Алба која секогаш изгледа беспрекорно, вреди да се погледнат.