Скопската зоолошка е збогатена за неколку нови жители откако пристигнаа три алпаки и две двогрби камили.
Алпаките се јужноамерикански вид на камили кои првпат ќе живеат кај нас и моментално имаат летна фризура поради високите температури.
„Тие пристигнаа од Чешка и веќе се приспособуваат на новиот дом“, соопштија од Зоолошката градина.
Во градината нов жител е и двогрбата камила Карлос кој исто пристигна од Чешка и веќе се чувствува опуштено како дома.
„Младиот мажјак од расата бактриан, до крајот на неделата ќе ја пречека и својата другарка“, објавија од ЗОО Скопје.
Трите алпаки се очекува да бидат вистинска атракција во Скопје, како што се впрочем насекаде низ зоолошките градини во светот.
Скопската зоолошка градина неодамна отвори и живеалиште за розеви фламинга.
„Задолжително е носење маска иако станува збор за отворен простор и при шетање низ градината посетителите треба да одржуваат дистанца. Строго е забрането хранење и доближување до животните, не смее да се употребуваат летниковците и детските игралишта“, велат од Зоолошката градина.