Косата ја надополнува нашата убавина и игра значајна улога во дефинирањето на нашиот изглед. Сите ние сакаме густа, цврста и здрава коса. Сепак, загриженоста за опаѓање и изретчување на косата е проблем со кој се соочуваат голем број на жени и девојки. Па, како најдобро да се надмине ова користејќи природни решенија?
Придобивките од маслиновото масло за коса се доста популарни. Но, дали точно знаете кои придобивки ги носи маслиновото масло за вашата коса? Ова е единствената состојка која има високо ниво на мононезаситени масни киселини, што може да направи чуда за вашата коса. Ефективниот резултат на маслиновото масло на косата се гледа само со негова редовна употреба.
Рицинусово масло и маслиново масло за повторно растење на косата
Мешавината на рицинусово масло и маслиново масло за коса помага да се промовира повторно растење на косата дури и на места кои не се покриени со влакна на скалпот. Маслото придонесува со своите богати антиоксиданти и киселини кои работат интезивно на обновување на влакното. Сè што ви треба е редовно користење на оваа маска за коса и добро нанесување на корените и скалпот за да добиете резултати. Само добро масирајте - тоа вклучува добра циркулација на крв, што пак промовира повторно растење на косата.
Потребни состојки:
- Една лажица маслиново масло
- Две капки сок од лимон
- 1 лажица рицинусово масло
Време на подготовка: 5 минути
- Додадете ги сите три потребни состојки во сад.
- Измешајте ги убаво.
- Добро нанесете на корените и скалпот.
- Оставете 2 часа.
- Исплакнете со ладна вода.
Колку често: Еднаш неделно
Маслиново масло и масло од кокос против опаѓање на косата
Маслиновото масло, кога се меша со кокосово масло е одличен лек против опаѓање на косата. Придобивките од маслиново масло за опаѓање на косата се неверојатни кога се применува секоја недела. Оваа комбинација на масла за косата помагаат при навлажнување на косата, длабоко негување и зајакнување на фоликулите на косата, со што се намалува и нејзиното опаѓање. Антиоксидансите помагаат да се намали разлетувањето на косата и длабоко го чистат скалпот за да се отстранат нечистотиите, со што се промовира раст на косата.
Потребни состојки:
- Маслиново масло две лажици
- Кокосово масло една лажица
Време на подготовка: 5 минути
- Измешајте ги двете состојки во сад.
- Загрејте го малку.
- Нанесете го маслото на скалпот и корените.
- Добро масирајте.
- Оставете да делува 2 часа или преку ноќ.
- Исплакнете.
Колку често: Еднаш неделно.
Маслиново масло и лимон против опаѓање на косата и првут
Комбинацијата на маслиново масло и лимон за коса многумина не ја знаат. Сепак, тоа е неверојатна маска за коса за спречување на проблемите со првутот. Смесата помага значително во борбата против првутот, длабоко чистење на скалпот и намалување на инфекциите на скалпот. Ова во голема мера помага во борбата против опаѓање на косата поврзана со првутот, а исто така поттикнува повторно растење на косата.
Потребни состојки:
- 2 лажици маслиново масло
- Неколку капки сок од лимон
Време на подготовка: 5 минути
- Измешајте ги состојките.
- Нанесете ја маската рамномерно на коренот и скалпот на косата.
- Оставете ја маската 3 часа.
- Исплакнете со ладна вода.
Колку често: Еднаш во десет дена.
Маслиново масло и мед за раст на косата
Маслиновото масло и медот во комбинација се добро познати и популарени со своите бенефити за косата. Оние кои страдаат од проретчена коса, задолжително мора да ја испробаат оваа маска за најдобри резултати. Маслиновото масло со своите антиоксиданти и медот ќе помогне да се зајакнат фоликулите на косата, а придобивките за зајакнување на косата се навистина воочливи. Притоа, густината на косата постепено се зголемува со регенерација на влакното.
Потребни состојки:
- Три лажици маслиново масло
- Една лажица мед
- 1 капсула со витамин Е
Време на подготовка: 10 минути.
- Во сад исцедете ги потребните количини и добро измешајте.
- Исцедете масло од капсулата со витамин Е.
- Изматете го добро.
- Нанесете ја смесата на еднакви делови во корените и врвовите на косата.
- Покријте ја косата подеднакво со маската.
- Оставете јс да делува 2 часа.
- Измијте со шампон.
Колку често: Двапати неделно за сува коса и еднаш неделно за здрава коса.
Маслиново масло и лук за забрзан раст на косата
Во случај да страдате од иритација на скалпот, црвенило или чешање, оваа маска за коса е неизмерно корисна за лекување на вакви проблеми. Лукот прави чуда за природно намалување на инфекциите. Дава долгорочни придобивки, како одржување чист скалп и помага да се отстранат бактериите. Оваа маска од маслиново масло за раст на косата можете да ја направите многу лесно дома.
Потребни состојки:
- Главица лук
- Четири лажици маслиново масло
- ½ лажица кокосово масло
Време на подготовка: 10 минути.
- Излупете 15 чешниња лук и направете паста.
- Додадете маслиново масло и добро изблендирајте.
- Исцедете ја горенаведената мешавина и извадете го лукот од маслото.
- Додадете кокосово масло на неа.
- Нанесете го на скалпот.
- Оставете го да делува еден час.
- Измијте го добро со шампон и регенератор.
Колку често: Еднаш во десет дена.