Сите сакаме да можеме за што пократко време да направиме и да имаме одличен стајлинг и средена фризура. Brad Mondo е познат и успешен стилист за коса, кој стекна светска слава преку својот YouTube канал со повеќе од 6 милиони следбеници.
Неговата популарност е производ на несебичното искуство кое Бред го споделува постојано, за кое сите жени на овој свет му се бескрајно благодарни.
Овој пат ни го олеснува животот со 3 техники на фенирање и стилизирање на косата во домашни услови:
фенирање за добивање волумен, рамно фенирање со ефект на пеглана коса, и фенирање со таласест финиш.
Следете ги професионалните совети на Бред и имајте коса како туку што да сте искочиле од најдобриот фризерски салон во градот, и сето тоа бесплатно.