Менталното здравје е вистински актуелна и популарна тема на разговор на која ние постојано обрнуваме внимание, особено сега во време на пандемијата со ковид-19. Татјана Башевиќ е позната српска манекенка, а од неодамна и успешна блогерка на својот YouTube канал, која исто така реши јавно да говори на оваа тема, од која многумина се засегнати, а малку се говори за тоа ради стигмата и претежно незнаењето кое владее кај поголем дел од популацијата на нашите простори.
Татјана се обидува својата популарност да ја искористи на правилен начин и со својата интимна приказна да ја подигне свеста за значењето на менталното здравје за време на овие тешки околности. Анксиозноста е здравствено нарушување, кое има огромно влијание на професијата која ја работи бидејќи е од јавен карактер и бара постојан контакт со голем број луѓе и јавни настапи, кои и претставуваат голем проблем, бидејќи ја имобилизира и доведува до бројни самоограничувања кои произлегуваат од безброј ирационални стравови кои со себе ги носи анксиозната особа.
Манекенката во многу отворен и крајно искрен разговор се труди да допре го секој кој е засегнат од истиот проблем признавајќи дека се бори со анксиозност голем дел од својот живот и дека нападите на паника и станале дел од секојдневието со кое понекогаш многу тешко се носи.
Истакнува дека она што најмногу и помага низ таквите тешки моменти е целосната поддршка од мајка и, но и од целото семејство. Особено потенцира дека многу е битно за особата која минува низ анксиозно растројство како ќе реагира на тоа нејзината најблиска околина, и луѓето во најтесното опкружување.
Татјана никогаш порано нема јавно изјавено дека се бори со оваа состојба која знае да и претствува проблем во кариерата, и сака да им порача на сите со иста или слична дијагноза дека не се сами во својата борба иако прв пат решава јавно да признае и зборува за тежината на борбата која ја води.
Најбитно на што треба да се обрне внимание е дека менталните нарушување не бираат пол, раса, вера ниту физички изглед, финансиска сигурност, кариерен успех, напротив, може да се случи секому во секое време.