Со појавата на пандемијата, почна задолжителното носење заштитни маски за лице, кои во одреден момент се случува да ги нема по аптеките, и во тој дефицит од маски се раѓа креативноста.
Луѓето со цел да се заштитат себеси и своето здравје, измислија разни DIY заштитни маски во домашни услови.
Меѓутоа, доколку не сте вешти со шиење, или немате стара ткаенина која би можеле да ја употребите за таа намена, можеби оваа девојка може да ви помогне.
Татјана Башевиќ е позната српска манекенка, а од неодамна и успешна блогерка на својот YouTube канал. Таа ја искористи ситуацијата да помогне на свој начин во справување со Ковид вирусот, особено доколку немате заштитна маска поред себе, а немате ни материјал како би ја направиле.
Тоа што Татјана го советува е брзо, лесно, економично, и што е најважно секогаш достапно на сите во секој момент. Ова е нејзиниот начин за алтернативна брза и ефикасна заштита во секое време.