Шест најскапи и најневеројатни производи во светот

Петок, 25 Септември 2020 10:00

Ако можете да си ги дозволите, навистина нема ништо лошо во уживањето кое го нудат луксузните предмети. Но, што кога станува збор за секојдневни предмети кои вршат основна функција, а се со огромна цена? Како на пример: паста за заби, чадор, па дури и тоалетна хартија. Сите овие се достапни производи што секој од нас може да си ги дозволи. Но, во светот на богатите се достапни верзии на истите производи кои чинат вртоглави суми.

Златна тоалетна хартија

Овој производ несомнено ќе ве остави без зборови! Станува збор за ролна тоалетна хартија изработена во 22-каратно злато. Се надеваме дека  има чисто декоративна функција! Ова задоволство чини околу 1 милион долари.

Часовник од 201 карати

Најскапиот часовник на светот припаѓа на куќата „Чопард“: Прекрасен 201-каратен „Чопард“ од 25 милиони долари, составен од мал бројчаник кој е потопен од каскада од жолти, розови и сини дијаманти.

Најскапа паста за заби

Со оваа паста за заби и бенефитите кои тврди дека ги нуди, се надеваме дека стоматологот повеќе нема да ни биде потребен! Станува збор за навистина силна паста која содржи само нетоксични материи. Покрај тоа, тубата е украсена со злато. Чини „само“ 90 илјади долари.

Шаховска табла Royal Diamond

Бернард Мокин, познат француски уметник и производител на накит, создаде шаховски комплети Royal Diamond во 2005тата година, еден од најскапите сетови за игри во светот. Триесет занаетчии работеле над 4500 часа користејќи вкупно 1.168,75 грама 14-каратно бело злато и околу 9.900 бели и црни дијаманти, за конечната вредност да изнесува 500.000 американски долари.

Златен монопол

Претседателот на Музејот за американски финансии Дејвид Ковен и познатиот дизајнер на накит во Сан Франциско, Сидни Мобел ја редизајнираа играта Монопол користејќи цврсто злато, дијаманти и сафири. Луксузна игра проценета на 2 милиони долари, каде што секоја компонента е детално проучена.

Позлатени пуканки 

Гарантираме дека овие пуканки се јадат! Се додека не ви пречи да јадете храна што чини над 200 илјади долари. Овие се многу специјални пуканки направени со путер, ванила, сол, органски шеќер и зачинети со златни листови од 23 карати. Сон за секој гурман!