Панакота за вкусно лето

Четврток, 11 Јуни 2020 13:51
Панакота

Приказна

Сигурни сме дека сте барале многу пати рецепт за крем десерт, кој брзо се подготвува и ги задоволува сите ваши слатки потреби. Еден таков кремаст, но сепак освежувачки десерт е панакота. Овој десерт е класика на италијанската кујна, поточно во регионот Пиедмонт, и буквално значи „варен крем“.

Panna cotta е лесно да се подготви затоа што е варен крем сосема сличен на пудингот, а она што го прави вистинско задоволство за непцето се различните преливи. Овој десерт можете да го комбинирате со свежо овошје, компот или напивки од диви бобинки, малини, боровинки и слично овошје.

За да го подготвите овој десерт, ќе ви требаат само неколку состојки: слатка павлака, млеко, шеќер, ванила и желатин. Токму желатинот му дава одредена цврстина, додека ванилата му ја дава својата карактеристична арома. Можете исто така да го збогатите кремот со чоколадо и со тоа да добиете комплетно нова димензија на панакотата.

Наш омилен е комбинацијата на панакота со шумско овошје, како рецепт што го споделуваме подолу:

Потребни состојки:

  • 500мл слатка павлака
  • 2мл екстракт од ванила
  • 1 кесичка бел желатин
  • 150гр шеќер во прав
  • 100 мл вода
  • 200гр малини (свежи или замрзнати)

Начин на подготовка:

  1. Желатинот го потопуваме во малку ладна вода да набабри. – Се става слатката павлака и шеќерот во сад за варење и се загрева на тивко до пред вриење (не смее да зоврие)
  2. Се додава ванилата и се меша со жица за матење.
  3. На благ оган, оставаме павлаката полека да зоврие, па вариме уште 15мин. Потоа го тргаме лонецот од оганот. Во павлаката го додаваме растопениот желатин и мешаме се додека не се растопи рамномерно.
  4. Смесата се истура во плиток сад исплакнет со вода или во мали калапчиња за пудинг или суфле.

Прелив:

Јагодите или малините се варат малку со шеќерот и малку се гмечат. На благ оган, во 100мл. вода , со постојано мешање растопуваме 100г. Шеќер во прав, се додека не добиеме сируп од шеќер. Кога ќе зоврие, вариме 1 мин. па додаваме малини кои ги грееме со постојано мешање.

Разбудете ја креативноста, и на здравје!