Летото не смее да помине без кратки џинс панталони

Сабота, 18 Јули 2020 10:00

Се појавуваат во Aмерика пред 150 години, и стануваат незаменлив дел од нашето секојдневие до денес. Сигурно се сеќавате на деновите кога доспеваа горештините, а вие ги земавте ножиците и ги кратевте долгите фармерки за да станат куси и да бидете најмодерни по градските улици.

Има една апсолутна вистина - џинсот е секогаш во мода. Најприсутното парче гардероба кај сите сезони, возрасти, стилови. Не старее и нема замена. Штом дојдат високи температури веднаш му наоѓаме примена во разни варијанти: летни џинс фустани, комбинезони, здолништа.

Ова лето ултимативен хит се кратките џинс панталони, во варијации на должини и бои. Зрачат со самодоверба, делуваат шик и модерно, и ќе оддавате впечаток на личност со изграден стил. Ако токму тоа го сакате, погледнете ги нашите фаворити кои ги избравме за ваша инспирација.

Blue jeansBlue jeansBlue jeansBlue jeansBlue jeansBlue JeansBlue jeansBlue jeansBlue jeansBlue jeans

Ни познатите не останаа имуни на оваа модна треска, па се трудат да ги вметнат во разни ситуации и настани.