„Мачкини очи“ во само 4 чекори со Селена Гомез

Недела, 06 Септември 2020 22:10

Познато ни е дека очите се огледало на душата, а неодамнешните истражувања покажаа дека дури 70 проценти од мажите најпрво ги забележуваат токму нив на женското лице. Често пати се прашуваме какви методи и ритуалите имаат познатите личности во личната нега и грижата за себеси. Постојано сме изложени на нивни фотографии на социјалните мрежи, па сакале да признаеме или не, често пати се случува да ни послужат како пример за тоа што е актуелно во модата, и во кој правец ќе се движат следните трендови. 

Овој пат како инспирација ја земавме Селена Гомез, млада и успешна личност во светски рамки, па ќе пробаме да 'украдеме' дел од нејзиното секојдневие што се однесува на личните начини на разубавување. 

Селена е позната како девојка која обожава минималистичка шминка, и за среќа има чисто лице кое и го дозволува тоа. Во посебни прилики, најчесто бира да ги истакне очите, и акцентот е ставен на нив, наместо на усните. 

Во овој мини туторијал, Селена ни покажува чекор по чекор како лесно, брзо и едноставно да дојдеме до посакуваниот изглед со нејзини усвоени трикови за идеално нацртани мачкини очи, кои веројатно никогаш нема да излезат од мода, веројатно затоа што нема боја или тип на око на кое не прилегаат. Ви треба само туш во облик на фломастер, наместо течен. Така попрецизно ќе направите совршени мачкини очи. И уживајте во вниманието кое ќе го добивате со вашиот заносен поглед.