„Universal Pictures“ објави трејлер од новиот филм со наслов “Нема време за умирање” (No time to die) за најпознатиот таен агент на светот Џејмс Бонд, и изгледа како фантастичен филм во најава.
Објавени се слики од најновото продолжение на култниот серијал во кој глуми Даниел Крејг по петти пат и последен, кој го толкува ликот на најпознатиот британски агент.
Во видеото се прикажува James како пензионер, кој го регрутираат да пронајде научник кој исчезнал. Во мисијата, која тој ја реализира занесно, патот му го попречува неговиот најнов непријател Safin, чиј лик го толкува Rami Malek. Во екипата се и Ана де Армас, Џефри Рајт, Леа Сејду, Ралф Фајнс, Кристоф Волт, Наоми Харис и Бен Вишоу.
Овој пат се придружува и неговата симпатија од филмот “Spectre” (2015).
Судејќи според скратената верзија од филмот, меѓу фановите веќе се чувствува адреналин и нетрпение во исчекувањето на премиерата.
Филмот премиерно требаше да почне да се прикажува низ кино салите во април, но беше одложено поради пандемијата на коронавирус што ненадејно се случи. Датумот на премиерата е преместен во Франција на 11 ноември, додека во САД ќе започне со прикажување од 20 ноември.
Дали сте и вие еден од фановите на агентот 007?