Дали е можно да се дејствува смирено кога две од три деца плачат, додека третото хистерично се смее и фрла играчки во сите правци?
Според психолозите, сосема е изводливо доколку се решите за добар пристап кон ситуацијата. Бидејќи ќе признаете, колку и да изгледа невозможно, ако викате дополнително во дадена ситуација, работите ќе станат уште полоши. Замислете ја ситуацијата: Имате важен разговор, а вашето тригодишно дете влегува во собата без да тропне, вика гласно и не ви дозволува да ги слушате вашите мисли, а камоли да се разберете со соговорникот.
Како реагирате вие?
А. Викате на него
Б. Го поткупувате со бонбони за да молчи и тивко да ја напушти просторијата
В. Вдишувате длабоко, му велите на соговорникот дека ќе му се прејавите подоцна и му се посветувате на детето кое поради некоја причина се обидува да го привлече вашето внимание.
Ако вашиот одговор е под В, честитки, вие сте на добар пат да станете смирен родител. И, ако сте одбрале А или Б, продолжете со читање затоа што денес ќе ве насочиме во правец кон тоа како е да се биде сталожен и смирен родител.
Концептот на мирно родителство се рефлектира во учењето и дисциплината. Новата генерација, на која и вие самите припаѓате, сфати дека авторитативната улога на родителите во минатото не донесе никакви позитивни резултати. Железната тупаница може незначително малку да придонесе за родителството, кога станува збор за главните приоритети на секој родител, а тоа се почитта и љубовта што ја добиваат од своите деца. Доколку родителството се разбере како долгорочно патување, кое почнува од самото раѓање на детето и се одвива низ време и простор, потребно е родителот да го запознае сопатникот, односно детето.
Како да започнете со концептот на смирено родителство?
Пред сè, одделете се од викање, казнување и заканување кон децата. Трпението, љубовта, разбирањето и вниманието се далеку поефикасни, само треба да им се даде шанса. Кога ќе престанете да ги користите споменатите методи, вие всушност сте во подобра позиција да ги слушате вашите деца и нивните причини за даденото однесување. Тоа е процес, кој не е лесен, но вреди да се испроба. Децата имаат вештина сликовито да ви ги покажат вашите погрешни чекори кои ги правите како родител. Клучот за смирено родителство е справување со вашето внатрешно дете и грижа за него, што доведува до грижа за сопственото дете.
Чекори кои треба да ги преземете за да станете смирен родител:
Контролирајте се
За разлика од децата, возрасните имаат способност за самоконтрола и треба да знаат како да ја користат. Пред се, треба да бидете свесни дека децата учат, секој ден, се повеќе и повеќе, од вас најмногу. Ако не ви се допаѓа нивното однесување, големи се шансите да ве имитира токму вас како сте се однесувале во одредена дадена ситуација. Склони да нè имитираат, децата го проектираат само она што го гледаат. Тоа би значело дека многумина од нас се оставени да научат како да бидат смирени за да им дадат добар пример на своите деца. Психолозите ве советуваат да нурнете во срцето што е можно повеќе, да ја пронајдете целата неопходна сила и да престанете со желбата да му викате на вашето дете. Кога ќе стори нешто погрешно, пронајдете мирен тон, разумни зборови и објасни му на детето дека згрешило. Зошто да им се лутите на своите деца пред да ги знаете фактите? Уверете се дека не се работи за недоразбирање.
Зборувајте со вашето дете
Зборувајте само кога не сте лути. Ако вашето постаро дете го удри помладото, казнување во агол или одземање на неговите омилени предмети нема многу да помогне. Треба да го натерате детето да разбере дека тој не смее да го стори тоа, не затоа што ќе биде казнет, туку затоа што може сериозно да ги повреди неговиот помлад брат или сестра. Дајте му шанса да се поврзе со неговите чувства и да изнајде решение во форма на извинување или некаква акција за повредените сестра или брат да се чувствуваат подобро.
Покажете му на детете дека не е запоставено
Детето не разбира дека имате други одговорности освен времето што ќе му го посветите. Затоа, обидете се да му покажете на детето дека не треба да се чувствува запоставено, ако одите да ги миете садовите или да ги прострете алиштата. Детето секоја разделба од вас ја доживува како трагедија, ако не е сигурно во вашата љубов и посветеност кон него. Колку и да ви звучи банално, 24 часа со вас навистина не му се доволни. Ако вашето дете плаче кога одите на шопинг кога не го носите, нема смисла да му викате да престане, бидејќи тоа само ќе го оддалечи од вас. Замислете да знаете дека крајот на светот ќе настапи следниот петок. Дали би се вознемириле ако вашето дете не го закачило својот ранец? Се разбира дека не.