Сите сме се нашле барем еднаш во присуство на парови чии врски изгледаат беспрекорно. Никогаш не се расправаат, успешно и лесно пребродуваат конфликти, постојано си искажуваат љубов и меѓусебна поддршка. Со други зборови, нивната здрава брачна врска е со правилни цели.
Но, само затоа што вие и вашиот партнер сте се заколнале на вечна љубов, не значи дека ќе живеете среќно се додека смртта не ве раздели. Додека некои бракови се исполнети цел живот со среќа, постојат врски кои се повеќе од борба, нешто на што треба многу да се работи.
Издвоивме некои јасни карактеристики на здрави и токсични брачни односи. Користете ги како упатство за да утврдите дали вие и вашиот сопружник сте на вистинскиот пат во вашата врска или дали и двајцата треба да направите некои измени за да го пронајдете вашето “Додека смртта не не раздели”.
Здрава брачна врска
- Се чувствувате среќни и безбедни кога сте со партнерот, но ги имате истите чувства и кога сте сами.
- Се мотивирате еден со друг да го живеете животот во целост, да ги исполнувате вашите соништа и да бидете во можност да работите заедно на заедничките цели.
- Се прифаќате еден со друг такви какви што сте, без очекувања дека другата страна треба да се промени.
- И двајцата се чувствувате сигурни во изразувањето на своето мислење. Знаете дека партнерот ќе ве сослуша и ќе ги земе во предвид вашите чувства за проблемите што се појавуваат.
- Вашиот меѓусебен однос е ваш главен приоритет. Ако се појави нешто што ќе предизвика стрес во врската, секогаш се придржувате до она што е најдобро за врската.
- Брачните проблеми и конфликтите не предизвикуваат чувство на несигурност. Вашиот партнер може да се вознемири од вас, но нема да завземе став дека повеќе не е сакан. Вие целосно разбирате дека конфликтот е дел од секоја здрава брачна врска.
- Ако ве прашаат за вашата врска, поголемиот дел од она што треба да го кажете е позитивно.
- Во можност сте да комуницирате на отворен и искрен начин еден со друг.
- Секогаш се чувствувате сакани, споделувате љубезност, нежност и добрина еден кон друг.
Токсична брачна врска
- Се чувствувате несигурни и безвредни кога не сте со партнерот. Зависни сте од партнерот за чувство на сигурност и среќа.
- Ги судите разликите на вашиот сопружник. Ако тој или таа не размислува како вас за соништата или целите за иднината, не сте во можност да функционирате и да го добиете тоа што го сакате и двајцата.
- Кога ќе се појави конфликт, не сте во состојба да го решите. Се чувствувате задушени, имате чувство дека партнерот да не сака да ве сослуша или да ја земе предвид вашата гледна точка.
- Кога имате конфликт, се повлекувате интимно со воздржување од секс или емоционално воздржувајќи се од љубов. Наместо да пронајдете решение за проблемот, едниот или двајцата се исклучувате и одбивате да се справите со конфликтот.
- Не комуницирате отворено и искрено со партнерот. Лажете и задржувате важни информации еден од друг.
- Поголемиот дел од времето го поминувате чувствувајќи се повредени или се грижите за состојбата на врската.
- Се жалите на други луѓе за партнерот. Наместо да разговарате меѓусебно, ги поканувате другите во проблемите во вашиот брак.
- Не ја ставате вашата врска како приоритетна. Ги ставате сопствените желби и нивото на удобност пред врската.
- Какви било критики од вашиот партнер, ги примате како напад наместо да бидете отворени за неговите / нејзините повратни информации.
- Манипулирате со партнерот да прави работи за кои не се чувствува пријатно, без оглед на штетата што ќе и ја направи на врската. Ако сакате нешто, ќе барате, молите, дури и ќе се обидете со емотивна уцена, сè додека не го добиете она што го сакате.